Гвардиола: Лудо е да размислуваме за титулата

EPA-EFE/NEIL HALL

Манчестер сити во натпреварот против Барнли (1:4) се врати на победничките патеки во Премиер лигата и сега има осум бодови помалку и натпревар повеќе од лидерот на табелата Ливерпул кој вечерва го очекува градското дерби со Евертон.

– Да бидам искрен, би било лудо да размислуваме за титулата. Сега треба да мислиме на дербито кое не очекува во наредното коло, одиме натпревар по натпревар бидејќи не играме само во Премиер лигата. Постојат и други натпреварувања како ФА купот, Лига купот, Лигата на шампионите и најважно ни е да влеземе во победнички ритам – изјави Гвардиола по убедливиот триумф над Барнли.

Следниот предизвик за „граѓаните“ е градското дерби против Манчестер јунајтед кој се во сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот