Гвардиолa: Ќе се вратиме посилни, подобри..и малку подебели! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/твитер

Шпанскиот менаџер на Манчестер сити исто така се приклучи во борбата против коронавирусот и апелира да се остане дома, да се биде безбеден.

Бројни спортисти секојдневно споделуваат охрабрувачки пораки до луѓето ширум светот и апелираат да се остане дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Помеѓу нив е и шпанскиот менаџер на фудбалскиот клуб Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој и овие тешки моменти знае да се пошегува.

– Ни недостасува фудбалот. Ни недостасува животот кој го имавме пред неколку дена. Но, сега е времето да се слуша. Да се следат нашите научници, доктори и медицински сестри. Вие сте моето фудбалско семејство, ќе направиме сè што е можно да се чувствувате подобро. Од ова ќе се вратиме посилни, подобри, некако, и малку подебели. Остани дома, остани безбеден – се зборовите на Гвардиола.

Неговата екипа Манчестер сити до прекинот на сезоната во Премиер лигата се наоѓаше на второто место далеку зад водечкиот Ливерпул.

Воедно „граѓаните“ минатиот месец беа непријатно изненадени со веста од УЕФА дека се исфрлени од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот