Гвардиола ќе прави чистка во Сити

EPA-EFE/ANTHONY DEVLIN

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола по шокантната елиминација во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Тотенхем на лето подготвува големи промени во тимот и дури осум фудбалери се очекува да си заминат од „Етихад“.

Најзвучно име кое се наоѓа на листата за отстрел на Гвардиола е германскиот репрезентативец Лерој Сане кој сезонава не прикажува игри кои се очекуваат од него. За Сане има доста заинтересирани екипи, а Гвардиола нема намера да го продаде под 60 милиони евра. На излезни врати од „Етихад“ се наоѓа и Габриел Жесус кој во вториот дел од сезоната падна во сенка на Агуеро и веќе поднел барање да биде продаден во летниот преоден рок.

Резервниот голман Клаудио Браво и дефанзивците Бенџамин Менди, Елаким Мангала, Данило и Николас Отаменди исто така ќе бидат ставени на трансфер листата. Последен кој се очекува да го напушти Манчестер сити е Илкај Гундоган кој не сака да потпише нов договор.

Гвардиола планира во следната сезона да им укаже шанса да Алеиш Гарсија и Тосин кои сезонава играат на позајмица во Гирона, односно ВБА.

Како можни засилувања на Сити за следната сезона се споменуваат Ндомбеле од Лион, Џулијан Вајгл од Борусија Дортмунд, Флорентин од Бенфика и Ченгиз Ундер од Рома за кои Гвардиола се очекува да потроши околу 200 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот