Гвардиола ја означи првата мета во преодниот рок, и не е Меси
Поразот од 2:0 во дербито против Тотенхем изминатиот викенд го запали алармот во Манчесрер сити.
Менаџерот Пеп Гвардиола се најде на удар на јавноста поради слабите резултати на екипата оваа сезона, а неговите критичари ја доведуваат во прашање одлуката на управата на Сити да потпише тригодишен договор со него.
Но, Гвардиола е решен да направи реконструкција на екипата и повторно бара од богатите сопственици да издвојат астрономска сума на пари откако летово потроши повеќе од 120 милиони евра за тројца фудбалери.
Овој пат, највисоко на листата на желби за зимскиот преоден рок не е името на Лионел Меси кој е незадоволен од состојбите во Барселона, туку играчот на Астон Вила, Џек Грилиш.
Весникот „Индепендент“ тврди дека токму Грилиш е во центарот на новиот проект на Сити и на Гвардиола кој токму во англискиот репрезентативец идеален партнер на Кевин де Брујне во средниот ред.
Вредноста на Грилиш се проценува на 100 милиони фунти, или околу 112.5 милиони евра што е огромна сума за фудбалер кој нема играно во европските купови, а годинава стана репрезентативец.
Се очекува Сити да се обиде да ја намали оваа сума и дојде до договор за околу 80 милиони фунти.
Интересено е што „Индепендент“ пишува дека Гвардиола за евентуалниот ангажман разговарал со својот најдобар играч Кевин де Брујне кој дал зелено светло за трансферот.
Џек Грилиш изминатото лето беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, но на крајот од преодниот рок потпиша петгодишен договор со Астон Вила.
ВИДЕО: Мурињо подобар од Гвардиола, Тотенхем е „гладен“ за титула!