Гвардиола ја откри тајната на успехот на Сити: Имаме многу пари

epa08590456 Manchester City's head coach Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League Round of 16 second leg soccer match between Manchester City and Real Madrid in Manchester, Britain, 07 August 2020. EPA-EFE/Oli Scarff / POOL

Екипата на Манчестер сити се наоѓа во одлична форма, лидер е во Премиер лигата, а по вчерашниот триумф над Борусија Менхенгладбах се наоѓа пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Победата од 0:2 над германскиот тим беше 19. по ред во сите натпреварувања, и заедно со Баерн Минхен и ПСЖ се главните фаворити за триумф во Лигата на шампионите.
Одличните игри во последниот период беа доволна провокација за новинарите да го запрашаат Пеп Гвардиола која е тајната на успехот на неговиот тим?
– Тајната на успехот на Манчестер сити? Имаме многу пати – одговори Гвардиола кој објасдни дека парите се вложуваат во ангажман на добри фудбалери.
– Имаме многу пари да купиме неверојатни фудбалери, постојано победуваме поради парите и тоа е вистината. Без квалитетни фудбалери, невозможно е да се победуба. Но важна и е личноста на овие играчи. Тие се фантастични на теренот и имаат неверојатен однос надвор од него – открива менаџерот на Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот