Гвардиола има 100 милиони причини да остане во Сити

EPA-EFE/NEIL HALL

Манчестер сити сезонава успеа да го направи тоа што со децении на ниту една англиска екипа не и успеало, да триумфира во сите три натпреварувања, Премиер лигата, ФА Купот и Лига Купот. Клучен за успехот на „граѓаните“ е менаџерот Пеп Гвардиола, за кого челниците на клубот подготвуваат понуда која не се одбива.

Според весникот „Сан“, Манчестер сити му нуди нов петгодишен договор на Гвардиола со кој ќе го направи најплатен тренер на денешницата, 100 милиони фунти за пет години.
Шпанецот и со сегашниот договор е меѓу најдоброплатените тренери со 15 милиони фунти годишна плата, но интересот на Јувентус, ги натера богатите газди на „граѓаните“ да го направат најдоброплатен тренер во светот.

– Останувам тука уште две години, доколку ме сакаат. Задоволен сум во Сити. Знам дека мојата работа ќе се оценува според тоа дали ќе ја освоиме Лигата на шампионите или не. Оваа година како и минатата испаднавме во четвртфиналето, ќе се обидеме да оствариме подобар резултат идната година – вели Гвардиола.

Пеп Гвардиола од 2016 година го предводи Манчестер сити и во трите години на клупата, тој освои две титули во Премиер лигата, еден ФА куп, два Лига купови и еден англиски Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот