Гвардиола: Им кажав на играчите да бидат повеќе смирени против Црвена звезда

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа против Црвена звезда во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Менаџерот на актуелниот европски шампион, Пеп Гвардиола беше задоволен по триумфот.

– Имавме 22 удари во првото полувреме, што значи дека одигравме многу добро. Сепак, недостатокот на голови по толку удари мора да биде одговорност на напаѓачите. Да постигневме два гола во раната фаза, сето ова ќе беше сосемо поразлично – изјави Гвардиола, а пренесува „Би-Би-Си“.

Шпанскиот стратег запрашан што им кажал на играчите на полувремето, иако Србите водеа со 1:0 на „Етихад“, Гвардиола им кажа на своите играчи да продолжат да играат во ист ритам.

– Не успеавме да постигнеме гол иако создававме шанси, но останавме доследни на нашиот план за игра и на крајот победивме. На паузата им реков: „Момци, не можеме да кажеме дека играме лошо, заборавете го резултатот, продолжете да играте на ист начин, можеме да се вратиме, само бидете повеќе смирени. Го направивме тоа – рече Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот