Гвардиола и Сити денеска ќе го официјализираат најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

EPA-EFE/Frank Augstein

Манчестер сити денеска и официјално ќе го собори рекордот во Премиер лигата кога станува збор за трансферите.
До крајот на денот Џек Грилиш и официјално ќе стане нов фудбалер на Сити во трансфер вреден 100 милиони фунти, и ќе го собори рекордот на Манчестер јунајтед кој за Пол Погба плати 89.3 милиони фунти.

Грилиш во понеделникот се врати во Астон Вила откако имаше заслужен одмор по настапите на Евро 2020 со англиската репрезентација, а веќе во вторникот имал средба со спортскиот директор Јохан Ланг кој му порачал на фудбалерот дека е време за преселба во поголем клуб.
Астон Вила сакаше да го задржи Грилиш уште две години, му понуди неделна плата од 200.000 фунти, но кога пристигна понудата од Манчестер сити тешка 100 милиони фунти, управата на клубот одлучи да ја прифати.

Астон Вила со 100 милиони фунти кои ќе ги добие за продажбата на својот капитен планира осетно да ја засили екипата и да се вмеша во трката за местата на табелата кои носат пласман во европските купови.
Вила веќе го купи репрезентативецот на Јамајка, Леон Бејли од Баер Леверкузен за 40 милиони евра, а како замена за Грилиш, тимот од Бирмингем го одреди Ворд-Праус од Саутемптон, додека на листата на желби се наоѓаат уште и Тами Абрахам од Челси, Тод Кантвел од Норич и Аксел Туанзебе од Манчестер јунајтед.

Од друга страна, Манчестер сити до крајот на летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира и Хари Кејн од Тотенхем. „Граѓаните“ во наредните 10-тина дена ќе достават уште една понуда до Тотенхем и таа треба да биде последна во преодниот рок. Првата понуда во висина од 120 милиони фунти беше одбиена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот