Гвардиола го направи првиот чекор, го контактираше Меси

epa08604297 Lionel Messi of Barcelona reacts during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Rafael Marchante / POOL

Лионел Меси по понижувачкиот пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, донел одлука да ја напушти Барселона со што ги алармира заинтересираните екипи.

Бразилскиот новинар Марсело Бехлер кој прв објави дека Нејмар ја напушта Барселона и се сели во ПСЖ пред три години, сега лансира нова сензација. Имено Бехлер тврди дека од извор во каталонскиот клуб го информарил дека Меси ја известил управата на Барселона дека сака да си замине.

Лео Меси сака веднаш да ја напушти Барселона!

Прв кој реагира по одлуката на Меси е неговиот поранешен тренер, Пеп Гвардиола. Според „Дејли Мирор“ Гвардиола кој исто така доживеа големо разочарување со елиминацијата во ЛШ, веќе ја започналк „операцијата“ за да го донесе Аргентинецот во Манчестер сити.

Англискиот весник тврди дека Гвардиола денеска имал телефонски разговор со Меси во обид што побрзо да ги договори финансиските услови и да ја победи конкуренцијата.

Најголем конкурент на Манчестер сити во трката за потписот со Меси е италијанскиот Интер. Неодамна медиумите во Италија објавија дека таткото на Аргентинецот купил куќа во Милано и тоа во непосредна близина на стадионот „Џузепе Меаца“, а исто така тврдат дека кинеските сопственици на „нероаѕурите“ веќе подготвиле понуда тешка 240 милиони евра за четиригодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот