Гвардиола ги „загуби нервите“, не поради играта и резултатот на Сити! (ВИДЕО)

twitter.com/MailSport

Манчестер сити синоќа во третото коло од Лигата на шампионите ја совлада Аталанта на „Етихад“ стадионот со високи 5:1. „Граѓаните“ стигнаа и до третата победа во елитното натпреварување, иако гостите поведоа во 28. минута преку Малиновски.

Но, играчите на Пеп Гвардиола направија целосен пресврт, Агуеро двапати се запиша во листата на стрелците, а Стерлинг запиша хет-трик.

На тој начин премиерлигашот се најде на еден чекор од пласман во нокаут-фазата, а еден момент од вчерашниот меч не го направи среќен менаџерот Гвардиола.

Тој беше задоволен од резултатот, но поради една ситуација во првото полувреме целосно „полуде“ и ги „загуби“ нервите. Во 40. минута (при водство на Сити од 2:1) се повреди Родри и мораше да излезе надвор од теренот, а Џон Стонс требаше да влезе во игра да го замени.

Но, Стонс премногу долго се подготвуваше, тоа го налути шпанскиот стратег кој удираше и се фаќаше за глава, а и другите околу него се чудеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот