Гвардиола: Фудбалот понекогаш е суров

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Екипата на Манчестер сити не успеа да се пласира во полуфиналето на ЛШ поради ВАР технологијата. Во победата од 4:3 над Тотенхем, прво во 73. минута беше признаен голот на Љоренте иако топката го удри во раката, но судијата Џунејт Чакир на видеоснимката не го виде тој момент и го призна голот. Потоа во 93. минута му го поништи голот на Рахим Стерлинг поради офсајд.

– Постигнавме гол, а ВАР технологијата го одработи остатокот. Дали тоа беше вистинска одлука?. Зборуваме за сантиметри, дадовме гол, но беше офсајд. Тоа беше сурово.
Во првата спорна ситуација, Љоренте играше со рака при постигнувањето на голот. Можеби судијата не ја погледна снимката од вистинскиот агол, а од друг агол тоа беше играње со рака – изјави Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити.

Својот гнев на ВАР технологијата го искажа и фудбалерот на Манчестер сити, Фернандињо, кој пред ТВ камерите кажа „Да ти е*ам ВАР технологијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот