Гвардиола е најбрзиот менаџер до 100 премиерлигашки победи (ФОТО+ВИДЕО)

фото/твитер

Сити ја забележа 13. победа сезонава и е на еден бод зад второпласираниот Лестер, а дури 14 помалку зад водечкиот Ливерпул.

Манчестер сити во последниот меч од неделната програма во 20. коло од најсилната англиска фудбалска лига пред своите навивачи со 2:0 го совлада Шефилд јунајтед.

Немаше голови во првото полувреме, но затоа во второто домаќините реализираа два, првиот во 52. минута преку Агуеро по додавањето на Де Брујн.

Белгискиот интернационалец во 82. минута беше во улога на асистент, еден прекрасен удар после асистенцијата на Марез.

Шпанскиот менаџер Пеп Гвардиола кој ги води „граѓаните“ е најбрзиот менаџер во историјата со 100 премиерлигашки победи.

Овој учинок искусниот стратег го направи после 134 натпревари, потоа на втората позиција на оваа листа е Жозе Мурињо кој дојде до 100 победи после 142 мечеви.

Сити ја забележа 13. победа сезонава и е на еден бод зад второпласираниот Лестер, а дури 14 помалку зад водечкиот Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот