Гвардиола бара извинување од Мурињо и Клоп

EPA-EFE/Nigel Roddis

Манчестер сити ја победи УЕФА во Судот за спортска арбитража во Лозана и во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ беа суспендирани од УЕФА поради малверзации со финансискиот фер-плеј, но Судот во Лозана одлучи да ја поништи таа одлука, со што го навлече бесот на едни од најдобрите тренери на деншницата.

Жозе Мурињо одлуката на Судот во Лозана ја нарече срамна, додека менаџерот на новиот англиски шампион, Јирген Клоп, смета дека не е фер ваквата одлука и дека со ова им се овозможува на богатите клубови да прават што сакаат.

Клоп и Мурињо удрија по Сити: Срамота, ова е лош ден за фудбалот

Сега се јави и менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кој побара извинување од своите колеги.
– Тие да ни се извинат бидејќи да згрешевме ќе ја прифатевме одлуката од УЕФА и немаше да се жалиме. Не очекувам дека ќе не бранат Ливерпул, Тотенхем, Арсенал или Челси, но имаме право да се браниме самите себе кога вистината е на наша страна. Неверојатно сум среќен поради одлуката. Тоа докажува дека не е вистина тоа што луѓето зборуваа за нашиот клуб. Тоа што го освоивме на терен, ќе го браниме на терен – изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот