Гваидо: Убиен најмалку еден учесник во демонстрациите, од денеска серија ШТРАЈКОВИ!

Фото: EPA-EFE/Miguel Gutiérrez

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, изјави дека денеска во протестите на владата е убиена најмалку една личност.

Од Венецуела е соопштено дека во текот на изминатава ноќ во конфликти помеѓу демонстранти и полицијата се повредени најмалку 78 луѓе, а 89 се уапсени.

Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопез, рекол дека се повредени и осум припадници на полициските сили.

Поради целото ова, Хуан Гваидо најави серија на штрајкови во следните неколку дена.

Според официјални податоци од здравствените функционери во Венецуела, во протести се повредени 69 луѓе, од кои две се здобиле со прострелни рани, а во конфликтите се повредени и 100 луѓе, пренесуваат светските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот