Гваидо се предомисли: Сега вели е дека е подготвен да преговара со Мадуро

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, рече дека е подготвен за дијалог со претседателот на државата, Николас Мадуро, за да најде решение за кризата, а во исто време изрази подготвеност да соработува со Русија, иако од претходно истакна дека со претседателот на Венецуела е „невозможно“ да се водат преговори.

Во интервју за француската телевизија Франс 24, тој нагласи дека опозицијата би можела да „разговара со диктаторот”, и повика на продолжување на демонстрациите и дипломатскиот притисок врз Каракас.

Коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека не треба да отстапува од демократските процедури и дека судбината на Венецуела треба да се реши преку избори, Гваидо рече дека тој и неговите сојузници внимателно го слушале она што го кажал рускиот претседател, но исто така и францускиот лидер.

-Ние сме подготвени да соработуваме со рускиот претседател, но и со сите други претседатели за овој проблем, рече Гваидо, додавајќи дека инсистира на слободни избори во Венецуела, со присуство на странски набљудувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот