Гваидо не се надева на преговори со претседателот Мадуро

Фото: EPA/Miguel Gutierrez

Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гваидо, нагласи дека никогаш нема да биде добар момент за разговори со претседателот Николас Мадуро.

– Никогаш нема да биде добар момент за преговори со киднаперите, диктаторите и оние што ги кршат човековите права – изјави Гваидо во Собранието на Каракас, контролирано од опозицијата.

Во мај Гваидо и Мадуро, испратија свои пратеници во обид да најдат решение за политичката криза во Венецуела под покровителство на Норвешка, но тие преговори не успеаја.

Извори блиски до Гваидо и Мадуро во неделата најавија дека преговорите ќе продолжат оваа седмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот