Гваидо испраќа делегација во Генералното собрание на ОН: Се подготвуваат да создадат проблеми

Фото: EPA/Miguel Gutierrez

Плановите на членови на тимот на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо за да ја попречуваат работата на официјалната делегација на земјата на 74. седница на Генералното собрание на ОН се недостојни за меѓународната организација, соопшти рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, пренесува „Спутник“.

„Слушнавме дека ќе дојдат луѓе на Гваидо во Њујорк и дека планираат таму да предизвикаат проблеми“, рече Рјабков.

Според неговите зборови, таквите потези се срам за организација на меѓународно ниво како што се Обединетите нации.

„Ние директно и отворено ќе им кажеме на сите со коишто ќе разговараме, дека ОН не треба да бидат платформа за такви игри“ , рече заменик-шефот на руската дипломатија.

Лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо, вчера изјави дека има намера да испрати делегација во Генералното собрание на ОН на состанок со претставниците на државите кои го поддржуваат и за да извршат притисок врз „диктаторот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот