Гваидо бара комуникација со американската војска

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, кој ја предводи кампањата за соборување од власт на претседателот Николас Мадуро, изјави дека му дал инструкции на својот претставник во Вашингтон, Карлос Векиo итно да започне комуникација со американската војска.

Гваидо, кој е поддржан од САД, истакна дека побарал од Векио да започне „директни комуникации” поради можни координации.

Тој додаде дека ги држи отворени „сите опции на маса” за соборување од власт на Мадуро.

Венецуелските безбедносни сили неодамна го уапсија вториот човек на венецуелскиот опозициски „конгрес” Едгар Самбрано, по неуспешниот обид за воен удар минатата недела.

Владата на Венецуела соопшти дека Самбрано и осум други припадници на опозициското движење се обвинети за предавство на татковината и поттикнување бунт поради нивните улоги во минатонеделните немири.

Претседателот Мадуро изјави дека тој е мета на американски заговор, објаснувајќи дека понудата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине санкциите за припадниците на воените сили кои ќе се спротивстават на својата Влада претставува „навреда на нивната чест и достоинство”.

БОНУС ВИДЕО:

ВЕНЕЦУЕЛА ВО ХАОС: САД го поддржа воениот пуч, Русија го обвинува Вашингтон за ширење лаги (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот