Гувернерот од владеачката партија на Панама уапсен со 79 килограми кокаин (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Гувернерот на домородната зона во карипскиот регион, Ерик Иван Мартело е уапсен со 79 килограми кокаин во возило.

Повеќе од четири тони кокаин се запленети неделава во Панама во три одделни акции на полицијата, а во една од нив е уапсен гувернер од партијата на претседателот на државата.

Гувернерот на домородната зона во карипскиот регион, Ерик Иван Мартело, кој е назначен од претседателот Кортизо, е уапсен заедно со уште едно лице додека патувале со автомобил во кој имало 79 килограми кокаин, сокриен под седиштето.

Панама, преку која минуваат големи количества дрога од Колумбија на пат кон САД, минатата година го урна сопствениот годишен рекорд на заплена на дрога. Минатата година биле запленети 91 тон дрога, претежно кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот