Гувернерот на Њујорк предупредува: За 6 дена ќе останеме без респиратори ако продолжи вака

Фото: EPA/Peter Foley

Гувернерот најави дека државата ќе нареди во употреба да се пуштат машини за анестезија или еден респиратор да се користи за повеќе пациенти.

Гувернерот на државата Њујорк Ендру Куомо предупреди дека, доколку бројот на тешките случаи на Ковид – 19 продолжи да расте со ист интензитет, за 6 дена државата би можела да се соочи со недостаток на респиратори.

Респираторите се најважен дел од опремата и се користи за најтешко болните пациенти од Ковид – 19.

Њујорк од своите залихи му годели 400 респиратори на градот Њујорк и уште 200 на околните предградија, но гувернерот Куомо предвидува недостиг на респиратори доколку продолжи ваква високиот пораст на бројот на заболени.

Гувернерот најави дека државата ќе нареди во употреба да се пуштат машини за анестезија или еден респиратор да се користи за повеќе пациенти.

Бројот на заболени и починати во Њујорк расте со загрижувачка динамика – само во последните 24 часа починаа 432 пациенти.

Во државата Њујорк вкупно се хоспитализирани 13.383 пациенти, а 3.396 се на интензивна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот