Гувернерот на Калифорнија ги затвора плажите и парковите

epa08383534 People walk on the beach as a heatwave hits Southern California amid the coronavirus pandemic in Huntington Beach, California, USA, 24 April 2020. California State Governor Gavin Newsom warned people against the temptation of going to the beach and asked them to remain at home for as the statewide Stay at Home order remains in place. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Здравствените работници сепак предупредуваат дека ако нема физичко растојание може да дојде до нови инфекции и оти Владата мора да биде претпазлива при ублажување на мерките.

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусам нареди од утре да се затворат сите плажи и државни паркови, откако луѓето минатиот викенд го преплавија брегот и покрај наредбата за физичко растојание за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Ерик Нуњес, претседател на Здружението на началници на полицијата на оваа американската држава, изјави дека меморандумот е испратен вчера за полицијата да има време да се подготви.

Локалните медиуми јавуваат дека се зголемува притисок за олеснување на ограничувањата во оваа сојузна американска држава каде без работа останаа речиси четири милиони луѓе.

Здравствените работници сепак предупредуваат дека ако нема физичко растојание може да дојде до нови инфекции и оти Владата мора да биде претпазлива при ублажување на мерките.

Минатиот викенд, околу 80.000 луѓе се собраа на плажата Њупорт, јужно од Лос Анџелес, а уште илјадници се собраа на плажите северозападно од градот.

Видео на денот