Гувернерката на Токио: Решени сме по секоја цена да ги организираме Олимписките игри во 2021 година

Фото: EPA-EFE/Du Xiaoyi / POOL

Гувернерката на Токио, Јурико Коике одлучи Олимписките игри да се одржат во 2021 година и покрај зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.

Во Јапонија, повеќе од 2.000 луѓе беа заразени секој ден во текот на изминатиот месец, но јапонската Влада работи на усогласување на превентивните мерки со деловните активности, така што економијата да не биде дополнително погодена.

Како град домаќин, решени сме да ги одржиме Олимписките игри по секоја цена, порача Коике на денешната прес-конференција во Токио.

Сепак, неодамнешното зголемување на бројот на пациенти го доведува во прашање одржувањето на Летните олимписки игри во Токио.

Од почетокот на пандемијата во Јапонија, присуството на коронавирус е потврдено кај околу 134.000 луѓе, а речиси 2.000 починаа.

Од нив, само во јапонскиот главен град досега се регистрирани 38.200 случаи на ковид-19. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот