Гувернерката на Порторико прогласи вонредна состојба по земјотресот

Фото: Профимедиа

Вонредната состојба е прогласена откако низа на земјотреси го погодија карипскиот остров, вклучувајќи и еден со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала.

Гувернерката на Порторико, Ванда Васкез, прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда, пишува весникот „Нуево дија“, а пренесува „Б92“.

Вонредната состојба е прогласена откако низа на земјотреси го погодија карипскиот остров, вклучувајќи и еден со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала.

Во земјотресите загина најмалку едно лице, прекинато е снабдувањето со струја на поголемиот дел од островот и нанесена е голема материјална штета, известија властите и медиумите, а пренесе „Ројтерс“.

Според локалните медиуми, загинало едно 73-годишно лице кога врз него се срушил ѕид.

Васкез рече дека сите компании во јавниот сектор, освен оние кои работат со итни услуги, денес ќе бидат затворени и дека итните планови се спроведуваат.

Порторико беше погоден од серија на земјотреси во последните денови, а во земјотресот со јачина од 5,8 степени по Рихтер кој го погоди островот вчера, немаше жртви, но беа оштетени повеќе куќи на јужниот брег.

– Сакаме сите да бидат безбедни. Поради тоа денес запира работата во јавниот сектор, за да можете да бидете со семејствата и да ги спроведувате плановите за вонредни ситуации – напиша Васкез на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот