Гувернерката на Народната банка учествуваше на годишниот состанок на Одборот на ЦЕФ

Анита Ангеловска-Бежоска
Анита Ангеловска-Бежоска / Фото: Народна банка на Република Северна Македонија

Гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишниот состанок на Одборот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ).

Состанокот, како што информира Народната банка, се одржал виртуелно, а Ангеловска-Бежоска учествувала како член на Одборот. На состанокот е усвоен Стратегискиот план на ЦЕФ за периодот 2022-2026 година со кој се дефинираат клучните предизвици на земјите во регионот во постпандемискиот период и поддршката што ќе ја обезбедува ЦЕФ за натамошно јакнење на институциите во регионот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја потврдила определбата за натамошна вклученост на Народната банка во активностите на ЦЕФ, што следи по оцената од ЦЕФ дека нашата централна банка се издвојува како одличен пример во регионот, со своите постојани вложувања во знаењата, вештините и потенцијалите на своите вработени, што според нив е показател на доброто корпоративно управување на институцијата. Народната банка искажала подготвеност за пренесување на своите искуства во процесот на постојана едукација на кадарот на финансиските институции од регионот.

– Вклученоста во активностите на ЦЕФ е уште една потврда на заложбите за постојано јакнење на институционалните капацитети на Народната банка, преку унапредување на знаењата и вештините на вработените. Но, во исто време, е и потврда на заложбите на нашата централна банка за активно пренесување на искуствата и експертските видувања на другите централнобанкарски институции од регионот, што е и дополнителен придонес за унапредување не само на меѓународната соработка, туку и на централнобанкарските активности на регионално ниво, се наведува во денешното соопштение од Народната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот