Гувернерката на Мичиген го прогласи „8 септември“ за македонско-американски ден

Фото: mlive.com

Гретчен Витмер, гувернерка на сојузната држава Мичиген, го прогласи 8 септември, Ден на независноста на нашата земја, за македонско-американски ден, јави Обединета македонска дијаспора (ОМД)

– Ова признавање покажува дека македонската заедница во Мичиген е мошне силна. Тешката работа, страста и посветеноста го зголемува влогот за постигнување на уште подобра македонска заедница во Мичиген, изјави Дијана Јанчески, претставник  на ОМД во Мичиген

Основана во Вашингтон во 2004 година, ОМД организација на нашите иселеници со активности за унапредување на Македонците кои живеат во САД, во Канада, во Австралија и други западни земји.

Во прогласот на гувернерката Витмер, меѓудругото, се наведува „дека државата Мичиген ги признава нејзините македонско американски жители кои што живеат во неколку заедници на големите езера, додека македонските Мичигандери вредно придонесуваат во бројни области, вклучително бизнис, право, медицина, образование, технологија, влада, воена служба, спорт, култура, итн. Мичиген има корист од нашите вредни, страствени, и интелигентни македонско-американски членови на заедницата кои низ неколку генерации презедоа ризици, поведоа нови граници и отворија бизниси во повеќе области како спорт, малопродажба, храна и пијалоци, финансии, градба, здравствени услуги, и текстил. Македонската заедница е доказ дека Мичиген е дом за сите кои сакаат да поседуваат и управуваат бизнис, додека, македонските Американци во Мичиген поседуваат свои мали бизниси кои колективно вработуваат илјадници жители на Мичиген и служат како ‘рбет на економијата на патот до финансиска слобода. Затоа, јас ,Гретчен Витмер, гувернер на Мичиген, го објавувам 8 септември 2020, како македонско-американски ден во Мичиген”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот