Гутереш загрижен за Боливија, повикува на воздржаност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш одлучи дипломатот Жан Арно да го испрати за личен пратеник во Боливија, во обид да ги поддржи напорите за изнаоѓање мирно решение за политичката криза во земјата.
Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик изјави дека пратеникот денеска ќе отпатува за Боливија.
Арно досега бил специјален претставник на ОН во Колумбија, Грузија, Авганистан, Буринди и Гватемала.

Дижарик кажа дека Гутереш „останува длабоко загрижен заради случувањата во Боливија” и дека „ го повторува апелот до сите Боливијци да се воздржат од насилство и да покажат крајна воздржаност”.

Портпаролот на ОН наведе дека пред именувањето на Арно биле одржани бројни консултации со различни страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот