Гутереш: Светот не може да си дозволи уште една војна

Ова е момент кога водачите треба да искажат максимална воздржаност, се вели во соопштението.

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изрази загриженост поради зголемувањето на тензиите на Блискиот Исток.

– Генералниот секретар доследно се заложи за намалување на тензиите во Персискиот Залив, се вели во соопштението на неговиот портпарол Фархан Хак, кој додава дека Гутереш е „длабоко загрижен поради неодамнешната ескалација”.

Ова е момент кога водачите треба да искажат максимална воздржаност, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека светот не може да си дозволи уште една војна во Заливот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот