Гутереш: Светот не би можел да живее со голем конфликт во Заливот

фото: EPA-EFE/AMEL PAIN

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека „светот не може да живее со голем конфликт во Заливот”.

Коментарот на Гутереш се однесуваше на ескалацијата на американско-иранската криза откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор од 2015 година.

Генералниот секретар им рече на новинарите дека „апсолутно е неопходно да се избегне ескалација на ситуацијата”.

Иако рече дека „нема особено увид” во можноста за состанок на Трамп со иранскиот претседател Хасан Рохани на маргините на ГС на ОН во крајот на септември, тој додаде дека секој обид за избегнување судир „секогаш ќе биде добредојден”.

Трамп порано изјави дека ќе се состане со Рохани без предуслови за да разговара за иранската нуклеарна програма, но американскиот министер за финансии Стив Мнучин денеска изјави дека Трамп не планира состанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот