ГУТЕРЕШ СО НОВОГОДИШНА ПОРАКА: Младите се најголемата сила во решавање на глобалните проблеми

Според него, во решавањето на проблемите на климата, нееднаквоста меѓу половите, социјалните разлики, во борбата за правда и човекови права младите се на првата линија на фронтот.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш синоќа, во својата новогодишна честитка истакна дека светот во 2020 година влегува со нови судири и несигурност, посебно по прашањето за борбата против  климатските промени, кршењето на човековите права и нееднаквоста и омразата меѓу луѓето.

Гутереш истакна дека најголемата сила во решавањето на глобалните проблеми се младите.

– Климатските промени се реална опасност. Не можеме да седиме со скрстени раце додека планетата гори. Но има надеж, и мојата новогодишна порака е упатена кон најголемиот извор на таа надеж – кон младите ширум светот, наведе Гутереш.

Според него, во решавањето на проблемите на климата, нееднаквоста меѓу половите, социјалните разлики, во борбата за правда и човекови права младите се на првата линија на фронтот.

– Јас сум со вас. Бидете гласни! Поместувајте ги границите. Имајте барања! Вашата одлучност инспирира. Ви посакувам мир и среќа во 2020 година, порача Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот