Гутереш: Сега не е време за оценка на глобалниот одговор на Ковид-19

Соопштението од кабинетот на Гутереш е лиферувано по критиката на американскиот претседател Доналд Трамп за работењето на Светската здравствена организација.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека сега не е време за оценка на глобаниот одговор на пандемијата на коронавирусот, повикувајќи ја меѓународната заедница, место тоа, да се фокусира на солидарноста во запирањето на вирусот.

„Еднаш кога конечно ќе ја свртиме страницата за оваа пандемија, ќе дојде време кога во целост ќе се свртиме наназад за да сфатиме како една таква болест ни се појави, толку брзо и уривачки се прошири ширум светот и како сите кои учествуваа реагираа на кризата”, наведе Гутереш во соопштението, пренесено од британските медиуми.

„Но, сега не е време”, порача генералниот секретар на ОН.

Соопштението од кабинетот на Гутереш е лиферувано по критиката на американскиот претседател Доналд Трамп за работењето на Светската здравствена организација, при што тој ја обвини дека била фокусирана на Кина и дека давала лоши совети во текот на епидемијата, наведоа британските меидуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот