Гутереш се надева дека дијалогот Русија-САД ќе доведе до намалување на нуклеарните арсенали

Антониа Гутереш / Фото: МИА

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш изрази надеж дека договорите постигнати за време на Самитот САД-Русија во Женева ќе доведат до намалување на нуклеарното оружје во светот.

– Генералниот секретар ја поздрави намерата на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави да водат дијалог за взаемна стратешка стабилност и изрази надеж дека ова ќе доведе до конкретни мерки за контрола на оружјето, вклучително и натамошно намалување на нуклеарниот арсенал во светот, рече портпаролот Стефан Дуџарик.

Гутереш, исто така, ја поздрави заедничката изјава на двајцата претседатели за стратешка стабилност, истакнувајќи ја нивната посветеност на принципите дека нема победник во нуклеарна војна и никогаш не треба да започне таква војна.

„Русија и САД ја потврдуваат својата посветеност на принципот дека никогаш не треба да се започнува никаква нуклеарна војна во светот”, беше наведено во вчерашната заедничка изјава на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден за стратешката стабилност, објавена на веб-страницата на Кремљ.

Во документот се вели дека „Русија и САД покажаа дека дури и во време на тензии тие се во состојба да постигнат напредок во остварувањето на заедничките цели за обезбедување предвидливост во стратешката сфера, намалување на ризиците од вооружен конфликт и закана од нуклеарна војна”.

„Неодамнешното обновување на Договорот за стратешко офанзивно оружје (нов СТАРТ) е доказ за нашата заложба за контрола на нуклеарното оружје. Денеска ја реафирмираме нашата посветеност на принципот дека не може да има победници во нуклеарна војна и таа никогаш не треба да биде потпалувана”, се вели во изјавата на лидерите по средбата на врвот Русија-САД во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот