Гутереш предупредува на „опасна епидемија од дезинформации”

„Светот мора да се обедини  против таа болест”, побара тој, оценувајќи дека вакцината ќе обезбеди доверба и дека пред се – треба да и се верува на науката.

Пандемијата Ковид-19 предизвика „опасна епидемија на дезинформации”, предупреди денеска генераниот секретар на ОН Антонио Гутереш, но не наведе конкретни случаи на земји или медиуми.

„Во време кога науката и солидарноста треба да бидат главната основа, таканаречените здравствени совети предизвикуваат штета и лаги се шират, а теориите на заговор и омразат го заразија интернетот, стигматизирајќи и клеветајќи ги луѓето и групи”, предупреди тој.

„Светот мора да се обедини  против таа болест”, побара тој, оценувајќи дека вакцината ќе обезбеди доверба и дека пред се – треба да и се верува на науката.

„Треба да им се верува на новинарите и на оние кои проверуваат информации во низата лажни теории и написи на социјалните мрежи. Големите компании за социјални мрежи треба да сторат повеќе за да ја отстранат омразата и штетните тврдења во врска со Ковид-19″, нагласи Гутереш.

„Заедно да ги отфрламе лагите и глупостите да се изгради поздрав, поправеден и отпорен свет”, заклучува Гутереш во соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот