Гутереш предупреди: Судирите на Блискиот исток мора веднаш да престанат

Судирите на Блискиот исток мора да престанат веднаш затоа што постои ризик од „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза” во регионот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, отворајќи итна седница на Советот за безбедност.

„Масакрот продолжи и денеска. Овој безумен циклус на крвопролевање, терор и уништување мора веднаш да заврши”, рече тој на видео-конференцијата.

Според дипломатите, преговорите за декларацијата на Советот за безбедност се во тек, но поддршката на САД за текстот е се уште неизвесна.

„Судирите мора да престанат веднаш. Ракетите и гранатите од една страна и воздушните бомбардирања и артилерискиот оган од друга страна мора да престанат”, нагласи Антонио Гутереш.

„Конфликтите можат да ги втурнат Израелците и Палестинците во спирала на насилство со разорни последици за двете заедници и целиот регион”, продолжи тој.

Конфликтот има „потенцијал да предизвика неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза и дополнително да го поттикне екстремизмот, не само во окупираните палестински територии и во Израел, туку и во целиот регион”, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот