Гутереш предупреди: Неопходно е да се избегне ескалација во Заливот

фото: EPA-EFE/AMEL PAIN

Шефот на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека е неопходно да се избегне „каква било форма на ескалација во Заливот”, додека тензиите и натаму растат откако Иран деновиве собори американско беспилотно летало.

-Светот не може да си дозволи голем конфликт во Персискиот залив, изјави Гутереш, на маргините на Светската конференција на министрите за млади во Лисабон.

-Сите мораат да ги сочуваат челичните нерви, додаде тој.

Иранска ракета во четвртокот уништи американски беспилотен дрон за надзор во инцидент, за кој Вашингтон тврди дека се случил во меѓународниот воздушен простор. Трамп подоцна изјави дека тој го откажал одмаздничкиот воен напад, бидејќи можел да убие 150 лица.

Иранските власти вчера потврдија дека собориле дрон над иранската територија и дека ќе одговорат цврсто на секоја закана од САД.

Коментарот на Гутереш доаѓа еден ден откако Трамп рече дека ќе воведе нови санкции за Иран.

-Апсолутно е неопходно да се избегне каква било форма на ескалација, додаде Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот