Гутереш повика на усвојување на глобален план за вакцинација

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска повика на усвојување на глобалниот план за вакцинација, велејќи дека Групата од 20 богати нации е во добра позиција да ги предводи ваквите напори.

– На светот итно му треба глобален план за вакцинирање кој ќе го донесат сите оние кои ја имаат потребната сила, научна експертиза и производствен и финансиски капацитет, рече Гутереш пред Советот за безбедност на ООН.

„Треба да обезбедиме сите, насекаде, да бидат вакцинирани што е можно побрзо”, додаде тој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот