Гутереш посакува и втор мандат како генерален секретар на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш (71) им изјави на претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност дека би сакал да добие и втор мандат на чело на светската организација, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори во Њујорк.

Гутереш на местото генерален секретар на ОН дојде во јануари 2017 година, а кон крајот на годинава му истекува неговиот петгодишен мандат.

Според Блумберг, Гутереш сега чека да се објават резултатите од претседателските избори во САД пред да ја објави кандидатурата, имајќи предвид дека ОН и САД често имале различни ставови за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пред сѐ околу прашањето за иранскиот нуклеарен договор и Парискиот договор за климатски промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот