Гутереш: Поделениот свет не успеа да одговори на пандемијата (ВИДЕО)

Антониа Гутереш / Фото: МИА

Поделениот свет не успеа да одговори на предизвикот за борба против пандемијата на Ковид-19, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и укажа дека е потребна конкретна акција за да се спречат милиони лица да се соочат со сиромаштија и глад.

Гутереш рече дека можеше да се постигне многу повеќе ако земјите беа обединети во борбата против пандемијата.

– Пандемијата на ковид-19 е најголемиот глобален предизвик за целата меѓународна заедница, за мултилатерализмот и за мене, како генерален секретар на ОН, изјави Гутереш за португалската новинска агенција Луса.

Пандемијата е тест кој меѓународната заедница, засега, не успева да го помине, додаде тој.

Генералниот секретар на ОН предупреди дека, доколку не се преземат координирани мерки, коронавирусот може да турне милиони луѓе во сиромаштија и глад, со катастрофални економски последици во следните години.

Гутереш исто така ја критикуваше меѓународната заедница за недостигот на единство во обидот да се справи со другите глобални предизвици, како што се конфликтите во Авганистан, Јемен и Сирија.

Коронавирусот досега е потврден во над 210 земји и територии во светот. Од почетокот на пандемијата заразени се над 39,6 милиони луѓе, а повеќе од 1,1 милион починале. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот