Гутереш: Оштетување на нуклеарката „Запорожје“ би било самоубиство

Фото: EPA-EFE/MYKOLA TYS

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека какво било оштетување на украинската нуклеарна централа во Запорожје би било „самоубиство“.

„Мораме да кажеме како што е: секоја потенцијална штета во Запорожје би била самоубиство“, рече Гутереш за време на посетата на Лвов во западниот дел на Украина.

Тој го повтори претходниот повик за „демилитаризација“ на областа околу централата што е под контрола на руската армија.

Гутереш претходно овој месец ги повика руските сили да се повлечат од објектот на „безбедно демилитаризирано растојание” што денеска беше одб иено од Русија.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за неодамнешното гранатирање на електраната, што предизвика стравувања од сериозна несреќа.

Видео на денот