Гутереш од Израел бара воздржаност во источен Ерусалим

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш смета дека Израел „мора да покаже максимална воздржаност и почитување на правото на мирно собирање”, изјави портпаролот на Светската организација, во однос на зголемените тензии во источен Ерусалим околу џамијата Ал-Акса, третата најважна џамија за муслиманите.

– Генералниот секретар изразува длабока загриженост за континуираното насилство во окупираниот Источен Ерусалим, како и за можното иселување на палестинските семејства од нивните домови, рече портпаролот на ООН Стефан Дужарик.

– Тој го повикува Израел да престане со уривање и деложации, појасни Дужарик, додавајќи дека Гутереш бара да се почитува статус кво на светите места.

Израелската полиција во саботата навечер повторно се судри со Палестинците пред стариот град во Ерусалим, а претходно спречи автобуси со муслимански верници кои се движеа кон тој град. Судирите избувнаа пред џамијата Ал Акса, каде што се собраа околу 90.000 Палестинци, а во источен Ерусалим полицијата употреби шок-бомби. Според палестинскиот Црвен крст, најмалку 53 лица се повредени, а израелската полиција наведува дека е повреден и еден полицаец.

Овие судири се случија еден ден по насилството во кое, според палестинските медицински служби, повеќе од 200 Палестинци биле повредени во близина на џамијата Ал Акса и другите локации во Ерусалим. Повредени се и 18 полицајци.

Додека полицијата вели дека нивните активности биле поттикнати од безбедносни причини, муслиманите ги сметаат за провокации и го обвинуваат Израел за попречување на верската слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот