Гутереш: Обединетите Нации се во најлошата финансика криза во изминатите 10 години

фото: EPA-EFE/AMEL PAIN

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека ОН се наоѓаат во „најлошата финансиска криза” за речиси една деценија, бидејќи 64 од 193 земји-членки не ги платиле своите годишни придонеси, вклучително и САД, што обично дава најмногу придонеси.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик, рече дека генералниот секретар им пишал на сите членови, велејќи дека „организацијата ризикува да ги потроши своите резерви до крајот на месецот и пропушти во исплати на персоналот и добавувачи”.

До крајот на септември, рече Дижарик, државите членки платија само 70 проценти од вкупната проценка за редовниот буџет, додека во исто време лани платија 78 проценти.

Според ОН, 129 земји платиле 1,99 милијарди долари за оперативниот буџет. Соопштено е дека тие должат 1,386 милијарди долари оваа година.

Покрај САД не платиле Бразил, Иран, Израел, Мексико, Јужна Кореја, Саудиска Арабија и Уругвај. Според ОН, САД должат 674 милиони долари на редовниот буџет за 2019 година и 381 милиони американски долари на претходните редовни буџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот