Гутереш: Нуклеарна војна не може да се добие и не треба да се води

 Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа изјави дека нуклеарна војна не може да се добие и не треба да се води.

„Употребата на нуклеарно оружје ќе влијае на сите држави, што значи дека сите држави имаат одговорност да обезбедат такво смртоносно оружје никогаш повеќе да не се користи и целосно да се елиминира од националните арсенали”, нагласи генералниот секретар во изјавата за Меѓународниот ден за целосна елиминација на нуклеарното оружје.

Генералното собрание на ОН го прогласи Меѓународниот ден во декември 2013 година во својата резолуција 68/32.

Овој ден дава можност за светската заедница да ја потврди својата посветеност на глобалното нуклеарно разоружување како заеднички приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот