Гутереш: Новата рунда разговори за трајно решение за Кипар завршија без успех

Антониа Гутереш / Фото: МИА

Новата рунда разговори, под покровителство на ООН, за трајно решение за поделениот остров Кипар, заврши без успех, како и бројните претходни разговори меѓу претставниците на грчките и турските делови на медитеранскиот остров, јави денеска ДПА.

Неформалните разговори, кои започнаа во вторникот, завршија денеска откако претставниците на кипарските Грци и кипарските Турци не успеаја да најдат заедничка почетна точка за отворање на официјални разговори, соопшти генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.

– Јас не се откажувам, порача Гутереш од Женева, најавувајќи нова рунда разговори со претставници на сите страни.

Гутереш се погрижи претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес и претседателот на кипарските Турци, Ерсин Татар, да се сретнат во Женева приватно, во надеж дека ќе започнат официјални преговори за политичкиот статус на Кипар, откако тој беше поделен пред речиси 50 години.

Кипарско-грчката страна поддржува создавање на федерација на две држави со силна централна влада. Оваа идеја е поддржана и од сите резолуции на ООН за кипарскиот проблем.

Кипарската турска страна се залага за решение со две независни држави. Новиот претседател на Турската Република Северен Кипар, признат само од Турција, Ерсин Татар, инсистира на тоа дека мора да се најде решение врз основа на две одделни држави и соработка заснована на суверена еднаквост.

Кипар е поделен од 1974 година, кога нејзиниот северен дел беше окупиран од Турција, како одговор на националистичкиот пуч, насочен кон припојување на островот кон Грција. Во 1983 година беше прогласена т.н. Турска Република Северен Кипар, признаена само од Анкара.

Кипар стана членка на ЕУ во 2004 година, но европското право важи само во јужниот дел на островот до неговото евентуално обединување, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот