Гутереш: Мора веднаш да престанат борбите помеѓу Израел и палестинските милитанти

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека е неприфатливо што се уште трае конфликтот помеѓу израелските сили и милитантните групи, вклучително и Хамас.

Тој нагласи дека „борбите мора веднаш да престанат”.

– Длабоко сум шокиран од континуираното воздушно и артилериско бомбардирање од страна на израелските одбранбени сили врз Газа, потенцира Гутереш.

Според официјалните податоци, во нападите загинаа повеќе од 200 Палестинци, од кои 60 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот