Гутереш: Kризата со ковид-19 се заканува да го загрози ограничениот напредок кон родова еднаквост

Пандемијата на коронавирус се заканува да го забави напредокот кон родовата еднаквост, процес што веќе се движи со темпо на полжав, соопштија денеска Обединетите нации.

Како што се наведува во извештајот „Жените на светот 2020″, родово заснованото насилство, нееднаквост на работното место и учеството на жените во политичкото лидерство се речиси исто толку лоши како што беа пред 25 години.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека се постигнати скромни резултати во областа на образованието и во намалувањето на смртноста на мајките од кога 189 членки на ОН ветија дека ќе ги заштитат правата на жените на конференцијата во Пекинг во 1995 година.

“Напредокот кон еднаква моќ и еднакви права на жените останува неостварлив. Ниту една земја не постигна родова еднаквост, а кризата со ковид-19 се заканува да го загрози ограничениот напредок што е постигнат”, се вели во изјавата на Гутереш.

Во извештајот на ОН се наведува дека е еднаква веројатноста и девојчињата и момчињата да посетуваат основно и средно училиште, но иако многу жени се запишуваат во високообразовна институција, помалку од половина од нив добиваат работа, во споредба со три четвртини од мажите.

Ова, како што е забележано, значи дека јазот е ист како во 1995 година.

Учеството на жените на пазарот на трудот е особено мало, под 30 проценти, во Јужна и Западна Азија и Северна Африка, според ОН.

Исто така, што се однесува до учеството во политичкиот живот, постигнатиот напредок во однос на родовата еднаквост е мал, додаваат од ОН, истакнувајќи дека денес има само осум жени кои се шефови на држави или влади од 1995 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот