Гутереш: Конфликтите во светот мора итно да запрат

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека конфликтите во светот мора итно да запрат, затоа што пандемијата не само што е закана за напредок во борбата против гладот ​​и сиромаштијата во светот, туку исто така се заканува дека ќе ги продлабочи постојните конфликти и ќе го охрабри избувнувањето на нови.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН синоќа тој изјави дека неговата последен апел на 23 март за итен прекин на огнот во сите конфликти на планетата со цел човештвото да се бори против пандемијата на коронавирус, резултираше со бројни примери на намалување на конфликтот и прекинување на вооружените операции.

„За жал, во многу случаи, пандемијата не беше доволна причина за спротивставените страни да се договорат за постојан прекин на огнот и прекин на непријателствата”, додаде Гутереш

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот