Гутереш: Изготвување на нов устав на Сирија е чекор кон мирот

фото: EPA-EFE/AMEL PAIN

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека првиот состанок на комитетот за нацрт новиот устав на Сирија утре во Женева претставува „единствена можност” за мир.

Тој наведе дека очекува комитетот, кој брои 150 членови, меѓу кои и претставници на сириската Влада, опозицијата и цивилното општество, ќе работи „во добра вера”.

Значителното ангажирање на членовите на комитетот мора да биде проследено со прекин на непријателствата во цела Сирија.

Инсистирањата на ОН да се разговара за завршување на осумгодишната војна во Сирија не даде резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот