Гутереш: Говорот на омраза е показател за дискриминација, злоупотреба, конфликти и злосторства против човештвото

Антонио Гутереш / Фото EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, денеска по повод Меѓународниот ден на борбата против омразата, истакна дека говорот на омраза е показател за дискриминација, злоупотреба, насилство, конфликти и злосторства против човештвото.

– Видовме како се одвиваше од нацистичка Германија до Руанда, Босна и пошироко. Нема прифатливо ниво на говор на омраза. Сите мораме да работиме на негово целосно искоренување, посочи Гутереш.

Тој додаде дека изминатите месеци зголемен е антисемитскиот и антимуслиманскиот говор на омраза на интернет и во јавните обраќања на влијателни лидери.

– Говорот на омраза може да биде насочен против жените, бегалците, мигрантите, родово различните и трансродовите луѓе, како и малцинствата, истакна генералниот секретар на ОН.

Гутереш потенцира дека државите имаат обврска според меѓународното право да спречат и да се борат против поттикнување омраза, како и да промовираат различност, меѓусебно разбирање и солидарност.

Според генералниот секретар на ОН, најпогодени од говорот на омраза, особено на интернет, се младите луѓе кои мора да бидат и дел од решението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот