Гутереш го претстави глобалниот акциски план за човековите права

Тој додаде дека на светот, освен воените злосторства, искористувањето на жените и прогон на активистите и малцинствата, му се закануваат и нови предизвици за човековите права во форма на климатските промени и напредокот на технологијата.

Гутереш го промовира планот бидејќи „човековите права се нападнати”, потврдено е на отворањето на седницата на Советот за човекови права на ОН во Женева.

Тој додаде дека на светот, освен воените злосторства, искористувањето на жените и прогон на активистите и малцинствата, му се закануваат и нови предизвици за човековите права во форма на климатските промени и напредокот на технологијата.

– Луѓето се исклучени. Растат стравувањата. Поделбите се зголемуваат, смета Гутереш и предупредува дека некои лидери ги искористуваат овие стравувања.

„Луѓето ширум светот сакаат да знаат дека сме на нивната страна”, заклучи Гутереш претставувајќи го својот план, што се состои од неколку точки.

Во него се наведува дека владите треба човековите права да ги стават во центарот на своите иницијативи за економски развој за сите делови на општеството да ја почувствуваат користа од растот. Кажа и дека државите, исто така, треба подобро да ги штитат правата во времињата на криза, како војни, терористички напади и катастрофи.

Тој побара и жените, граѓанското општество и организациите на младите да добијат поголема улога во политичкиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот