Гутереш ги повика светските економии да се обврзат за намалување на емисијата на стакленички гасови

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска на климатскиот самит на Обединетите нации ги охрабри големите светски економии да се обврзат на поамбициозна наклонетост за намалување на емисијата на стакленички гасови.

– Големите емитери треба да разберат дека нивната улога е од суштинска важност, затоа што ако тие не успеат, ништо нема да успее. Ако продолжиме како сега, осудени сме на пропаст – рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН го поздрави потегот на Европската унија за усвојување нов „Европски зелен договор” за преминување на економијата кон ниско ниво на јаглерод.

– Секогаш е важно некој да почне – рече Гутереш.

Според него, ако Европа го направи тоа, тогаш тоа ќе биде важен придонес и другите да размислат за таква посветеност.

– Ако никој не почне, тогаш нема шанси – истакна Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот