Гутереш ги повика на воздржаност и демонстрантите и полицијата во САД

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги повика учесниците во протестите за смртта на Џорџ Флојд мирно да го изразат своето незадоволство, а американските власти да се воздржат во постапувањето со демонстрантите.

– Во САД, како и во секоја земја во светот, различноста е богатство, а не закана, но успехот на општествата што негуваат разновидност во секоја земја бара големи инвестиции во социјалната рамнотежа, рече Гутереш.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, рече дека Гутереш додал оти успехот на таквите општества значи мобилизирање на сите нивоа на власт и сите сектори на општеството со цел „ублажување на различностите, борба против евентуална дискриминација, зајакнување на социјалната заштита и обезбедување на можности за сите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот